Од утре до недела Македонија во портокалова фаза, многу топло време и температури над 40°C

Vremenska Mnogu zesko

Од утре до недела подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на топол бран и во поголем дел ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Дневната температура на места ќе надминува 40°.

Поради екстремно високите температури кои следат во наредните денови, надлежните со апел до граѓаните, внимателно да се движат во шумите, да не фрлаат шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад, да не палат оган на отворено и да не фрлаат остатоци од цигари на отворен простор. Се апелира до граѓаните да се воздржат од палење стрништа  и совесно да се однесуваат кон природата со цел да се заштитиме од пожари.

Содржината продолжива под рекламата

Agria

Секоја евентуална појава на пожар, граѓаните да ја пријават во Територијалната противпожарна единица, јавното претпријатие „Македонски шуми“, во полиција, во локалната самоуправа и во Дирекцијата за заштита и спасување.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: