По два месеци замрзнати цени на дел од прехранбените производи, од денеска на полноќ завршува оваа владина мерка која имаше за цел да ја заузда инфлацијата, но и да ја подобри куповната моќ на граѓаните.
Содржината продолжува под рекламата
Мислењата на граѓаните се поделени во однос на ефектот кој е постигнат од мерката, а пак на терен инспекторите затекнаа голем број на нерегуларности од страна на несовесни трговци.
Содржината продолжува под рекламата
Владата смета дека во моментов нема место за големи ценовни осцилации бидејќи според нив во моментов цените на некои од производите се пониски дури и од долната утврдена граница со одлуката за замрзнати цена. Сепак велат дека ќе продолжат будно да ја следат ситуацијата и доколку забележат злоупотреби повторно ќе употребат механизми за да ги спреча.
Можеби ќе ве интересира: