Во услови на стабилна епидемиолошка состојба и со 221 активен случај на ковид-19, Владата вчера донесе одлука да се дозволи организирање на свадби и во затворен простор со максимум 250 лица.
Оваа одлука, меѓутоа, не се однесува на затворените простори на дискотеките, кабареата и клубовите за кои и натаму не е дозволена работа и посета на гости.
Сепак против оваа одлука се дел од епидимиолозоти кои реагираат на нелогичности во делот на носењето маски во затворена просторија. Д-р Пановски вели дека нелогично е маски да се носат во затворено, а на свадба да не треба.
„Нелогично е што и понатаму ќе треба маска во затворен простор, ама на свадба нема да треба. Сметам дека немаше потреба да се донесува ваква одлука сега кога има пристојна алтернатива, а тоа е свадба на отворен простор. Сега за сега нема да влијае, но за некоја недела, ако навлезе индискиот сој, ќе бидат од ризик овие настани, па ќе треба да се откажуваат веќе закажаните свадби“, вели Пановски.
Можеби ќе ве интересира: