
Министерството за здравство информираше дека вчера попладне пристигна првата пратка од десет илјади и 530 дози од компанијата „Фајзер“ која министерството ја обезбеди со дирекни преговори со компанијата. Веќе од среда вакцините ќе бидат распределни по вакциналните пунктови низ државава каде согласно планот за имунизација се врши вакцинација на жителите.
Од Министерството минатата недела Батали.нет изјавија дека се вакцинираат повозрасните граѓани над 73 години и имунизацијата ќе продолжи согласно Националниот план за имунизација, каде се предвидени хронично болните во приоритетниот распоред согласно старосната група во која припаѓаат.
На 28 април треба да пристигнат уште 200 илјади кинески вакцини, а на 26 април и останатите 10 илјади вакцини „Фајзер“. Исто така преку Ковакс-механизмот 76.000 дози на „АстраЗенека“ би требало да стигнат до крајот на месецов. Вакцините преку трипартитни договори со Европската Унија се очекуваат на почетокот на мај.
Вакцините ќе бидат чувани во специјални фрижидери кои постигнуваат температура до -70 степени кои државата ги набави во Јануари годинава токму поради овие вакцини кои бараат посебни услови за складирање.
Можеби ќе ве интересира: