Од утре почнува вакцинирањето на деца и млади на возраст од 12 до 17 години, а досега има 1798 пријавени, а единствено за нив вакцинирањето е со закажан термин, за возрасните повеќе не е потребно пријавување.
Тие ќе се вакцинираат со вакцината Фајзер, во вакцинални пунктови во градот во кој живеат, или кој го навеле при пријавувањето. Најголем број пријавени деца и млади има во Скопје, и тоа во поликлиниките Букурешт – 402, во Јане Сандански 287, а во Чаир 110.
Според последните податоци од Министерството за здравство, заклучно со петокот вакцина примиле вкупно 453 773 граѓани, а целосно имунизирани односно со двете дози се 272 129.
Во статистиката за последното деноноќие беа евидентирани уште 19 нови случаи кај кои е потврден КОВИД-19 од направени 3667 тестирања. Осуммина од нив се од Скопје, пет од Тетово, двајца од Куманово и по еден нов случај имаат Гостивар, Кочани, Гевгелија и Дебар. Оздравени се девет (пет од Тетово и четворица од Скопје) и нема починати пациенти.
Активни на вирусот во земјава има 246 случаи, најмногу (88) се во Скопје, а по него следува Тетово со 78. Двоцифрени активни случаи имаат уште четири општини – Гостивар (14) и Куманово, Охрид и Кичево по 13.
Можеби ќе ве интересира: