
Од вчера започнаа да се затвораат сите ковид-центри на интерните клиники и во Комплексот „Мајка Тереза“, соопштуваат од Министерството за здравство.
Пациенти со коронавирус ќе примаат само Институтот за ТБЦ и Клиниката за инфективни болести.
Во последните 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани осум нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно 142 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува до вчера имаше 150 слободни места, а се очекува во наредните денови по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Можеби ќе ве интересира: