Одбојкарите на Борец дадоа силен отпор на фаворитот од Тетово. На гостувањето кај екипата на Универзитет Тетово беа поразени со 3 : 1 (25:20, 19:25, 25:21, 25:18).
Мотивирани по првата победа во саботата во Втората фаза-1 кога беше совладан Вардар, одбојкарите на Борец сепак немаа доволно сили да парираат на поквалитетниот противник.
За утеха е првиот освоен сет против екипата на Универзитет Тетово, бидејќи сезонава не освоија ниту еден сет во трите пресметки со тетовци.
Вчерашните натпревари од 9 коло може да се толкуваат и како подготовка за Џио Струмица и за Универзитет во Тетово за нивната битка на завршниот турнир за куп-пехарот од петок до недела во салата „Парк“ во Струмица. Велешани ќе одмараат викендов бидејќи не се најдоа на завршниот турнир за куп-пехарот.
Можеби ќе ве интересира: