ГОК Борец ќе игра во финалето на одбојкарскиот Куп на Македонија кое ќе се одигра утре со почеток од 13 часот во салата „25-ти Мај“ во Радовиш. Противник на велешани ќе биде екипата на Струмица Никоб.
Содржината продолжува под рекламата
Во полуфиналето одбојкарите на ГОК Борец ја совладаа Шкендија со 3:1 (14:25, 25:19, 25:17, 25:19), додека струмичани во првиот полуфинален меч славеше над Универзитет во Тетово со резултат 3:0 (25:19, 25:11, 25:23).
Содржината продолжува под рекламата
Борец веќе го има освоено Купот во далечната 1994 како Борец Универзал промет, а во 2001 година исто така беше финалист и беше поразен од Шкендија.
Можеби ќе ве интересира: