Од наредниот викенд 16 октомври започнува и одбојкарското првенство на Македонија. Вo просториите на Одбојкарската федерација на Македонија се одржа ждрепка која го одреди распоредот за есенскиот дел којшто ќе трае од 16-ти октомври до првата половина на декември и ќе ги одреди патниците во борбата за титулата.
Содржината продолжува под рекламата
Во Првата машка лига ќе играат 11 екипи, покрај десетте од минатата сезона, сега во трка ќе биде и Македонија Џио. Според извлекувањето на натпреварувачките броеви, ГОК Борец, кој лани беше дел од првата четворка, во новата сезона ќе тргне против Весна Пробиштип.
Содржината продолжува под рекламата
Во есенскиот дел ќе има 11 кола, екипите ќе играат секој со секого по еднаш, а потоа ќе биде формирана Втора фаза-1 со најдобрите шест екипи по есенскиот дел и Втора фаза-2 со преостанатите пет. Потоа ќе има полуфинале до две победи на првопласираните четири екипи од Втора фаза-1 и финале до три победи на поуспешните тимови од полуфиналните соочувања.
Содржината продолжува под рекламата
Дуелите од првото коло се следни:
Универзитет во Тетово – Штип
УГД Вардар – Лирија
Шкендија – Дибра волеј
Јанта волеј – Македонија Џио
ГОК Борец – Весна Пробиштип
Aктуелниот шампион Струмица 47 & 72 ќе одмора во првото коло.
Moжеби ќе ве интересира: