Одбојкарската репрезентација на Македонија во Велес ќе биде домакин на групната фаза од одбојкарската сребрена лига

sala gemidzii

Голема е веројатноста одбојкарстаката македонската репрезентација, да ги одигра натпреварите на првиот турнир од Сребрената европска лига оваа година. Одбојкарската федерација на Македонија ја доби организацијата и на турнирот од групата „А“ во која покрај Македонија се ис Кипар, Израел, и Данска, но и на завршниот Ф4 турнир на кој најдобрите четири селекции од двете групи ќе се борат за титулата во ова европско натпреварување под капата на ЦЕВ.

Zito akcija 640x289px

Ако Ф4 турнирот, кој треба да се одри на 5 и 6 јуни, скоро сигурно ќе биде во Скопје и тоа во СЦ „Борис Трајковски“, турнирот од групата „А“ во периодот од 21 до 23 мај треба да се одржи во Велес во салата „Гемиџии“ или позната и како сала „Парк“. Од ОФМ во изминатиов период се во контакт со локалните власти во градот кои најавиле дека со задоволство ќе бидат домаќини на нашиот одбојкарски тим, кој од оваа група треба да избори пласман на Ф4 турнирот, пренесува спортмедиа.

Agria

„Разговараме, има расположение кај Велес и се дека ќе успееме да се договориме. Има некој работи кои треба да се исполнат за безпрекорна организација, а Велес ќе добие еден голем репрезентативен настан каков што градот во кој одбојката се негува со децении, навистина заслужува“, вели Зоран Карановиќ, генерален секратар ОФМ, Зоран Карановиќ.

Извор: sportmedia.mk

https://batali.net/19074/mala-brojka-na-zarazeni-veleshani-vo-izminatite-24-chasa/