Комисијата на натпревари на Третата фудбалска лига – Југ, донесе одлука комплетното 13. коло од Третата македонска фудбалска лига – Југ, кое беше на програмата денес, да биде одложено и петте натпревари ќе се одиграат наредниот викенд, 8 декември со почеток од 13 часот.
Причината за ваквата одлука се лошите временски услови и врнежите на дожд и снег речиси во целата држава.