Одложено рочиштето против Маријан Стаменковски

Marijan Dokaz i Kosta nojkov od VMRO DPMNE
Marijan Dokaz i Kosta nojkov od VMRO DPMNE

Се одложи првото рочиште и судењето против сопственикот на порталот „Доказ.мк“, Марјан Стаменковски откако неговата одбрана побара да се изземе скопското обвинителство од постапување по предметот.

Zito akcija 640x289px

Одбраната предложи обвинението во иднина да го застапува обвинител, односно обвинителство од друг град, со оглед на тоа дека меѓу оштетените се и четворица истражители од Скопското ОЈО.

Agria

Судењето продолжува в петок.

Како што се пренесува, јавноста е исклучена бидејќи ќе се изнесуваат детали за оштетените и сведоците и за нивните приватни животи.

Стаменковски се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, едно кривично дело – Уцена, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци.

Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост. Пријавите се од две новинарки и еден владика.

Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска, а еден од бранителоте на оштетениот е адвокатот, велешанецот Коста Нојков, кој инаку е дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во велешкиот совет.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: