Разбојник вчера ограбил бензиска пумпа, лоцирана на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес и под закана со пиштол кон вработен, одзел пари, па побегнал во непознат правец.
„На 02.11.2020 околу 05.30 чaсот во СВР Велес било пријавено дека на бензинска пумпа на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес едно лице со закана од вработениот ги одзело парите од дневниот промет“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира: