Влегол во обложувалницата, и се заканил на вработената и ги украл парите до дневниот промет. Вака синоќа изгледал грабежот на обложувалница на главната улица во Велес, кој се случич околу 23:15 часот, соопшти полицијата.
„На 03.01.2021 околу 23.15 часот во СВР Велес било пријавено дека едно лице со закана кон вработената, одзело пари од дневниот промет во обложувалница на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес“, рече Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. За три недели, ова е втор грабеж на обложувалница во Велес.
Можеби ќе ве интересира: