Под закана со нож, засега непознато лице ограбило трафика. Грабежот се случил вчераутро околу 4:30 минути, во центарот на Кавадарци, јави полицијата.
„На 11.09.2020 во 04.30 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во трафика на ул.„Пано Мударов“ во Кавадарци едно лице со закана со остар предмет од вработената одзело пари“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Полицијата изврши увид на местото на настанот, а оттаму велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира: