ОХРАБРУВАЧКА ВЕСТ: На физикалното одделение во велешката болница нема пациенти со ковид-19

Bolnica Veles
Bolnica Veles

Се намалува бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19 во велешката болница, а со тоа и притисокот врз медицинските работници во болницата. Оттаму денеска соопштија дека на физикалното одделение нема ниту еден пациент со ковид-19.

Zito akcija 640x289px

Бројот на хоспитализирани денеска падна под 40, односно вкупно 39 пациенти се лекуваат во болницата од коронавирус. Од нив, 32 имаат потврдени позитивни тестови, двајца се сомнителни, а петмина имаат негативни тестови, но се уште им треба болничко лекување. На кислородна поддршка се 11 пациенти.

Agria

Денеска се регистрирнаи и двајца испишани пациенти како оздравени, кои имаат по еден негативен брис. На инфективното одделение се згрижени 33 пациенти со ковид-19, а на интерното одделени се хоспитализирани шестмина. Одделот за физикална терапија и рехабилитација, кој е наменет како Ковид центар, е ставен во времено мирување.

Од почетокот на пандемијата досега во Велес се регистрирани 2630 случаи со коронавирус, од кои 2001 оздравеа, 85 ја загубија битката со вирусот, а активни се 544 случаи.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: