Основно јавно обвинителство (ОЈО) во Велес отвори истрага против маж и жена од Скопје откако на автопатот во близина на Велес биле фатени со автоматски пиштол.
„На 23 февруари, за сума од 1 500 евра, осомничениот во Прилеп набавил автоматско оружје кое им е забрането на граѓаните – пиштол марка ‘шкорпион’ со една рамка без куршуми. Тој и го дал на осомничената која го ставила во својот ранец и со мотор се упатиле кон Скопје. На автопатот Велес-Градско ги застанале полициски службеници и при извршената проверка го откриле и одзеле пиштолот кој граѓаните не можат да го поседуваат со дозвола“, информираат од ОЈО Велес.
Обвинителството бара и притвор за лицата зашто има опасност да избегаа, да влијаат врз вештаци или да го повторат делото.
Можеби ќе ве интересира: