ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес одржа промоција на кандидатите за пратеници од Велес и Чашка

ОК на ВМРО-ДПМНЕ синоќа во општинската сала во Велес ги промовираше кандидатите за пратеници од оваа партија за претстојните парламентарни избори. Тоа се досегашниот пратеник Игор Здравковски, Александар Јамалов и Мартин Ефремовски.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Пред присутните, свое обраќање имаше четвртиот од третата изборна единица Игор Здравковски на кое што рече дека огромно е задоволството да се претстави пред неговите сограѓани и сопартијци со кои заедно се бори последните години.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Огромно е задоволството да се претставиме пред нашите сограѓани и сопартијци со кои заедно се бориме последните години. ВМРО-ДПМНЕ знае да реализира проекти и знае што значи одговорност. Така било – така и ќе остане! Ќе ја вратиме Македонија на граѓаните, ќе ја вратиме државата на народот и тие повторно ќе бидат горди и достоинствени! Велес ќе се развива со зголемена динамика и ние го гарантираме тоа“, рече Игор Здравковски кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Свое обраќање имаше и кандатот Александар Јамалов кој се наоѓа на единаесеттото место на листата. Тој рече дека во Велес ќе имаат убедлива победа.

„Ќе си ја вратиме Македонија. Македонија ќе биде повторно своја. Силните емоции, енергијата и сплотеноста во салата на Општина Велес се потврда дека вреди секоја жртва. Ви благодарам мои велешани. Време е за промени. Промените се во твои раце“, рече Александар Јамалов

Во општинската сала беше присутен и Мартин Ефремовски кој е исто така кандидат на ВМРО-ДПМНЕ од Чашка. Тој пред присутните се обрати и рече дека ние следат времиња кога ние сами одлучуваме во каква Македонија сакаме да живееме.

„Следат времиња кога ние сами одлучуваме во каква Македонија сакаме да живееме, време е да си ја вратиме честа, угледот и достоинството, време е да ја вратиме Македонија во рацете на народот“, рече Мартин Ефремовски, кој се наоѓа на деветнаесетто место во оваа изборна единица.

Носител на листата за ИЕ 3 е Драган Ковачки, а грб ќе му чува актуелниот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: