И утрово има подолги колони од автомобили на граничните премини од Коридорот 10. На Табановце за влез и на Богородица за излез се чека по 30 минути, информира Автомотосојузот на Македонија.
Содржината продолжува под рекламата
На останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од земјата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Содржината продолжува под рекламата
Некои од граѓаните пак реагираат иако АМСМ информира за 30 минутно чекање на границите, искуството е поинакво. На граничниот премин Богородица граѓани чекале 3 часа за влез во соседна Грција, додека за влез во Македонија се чекало до час и половина.
Можеби ќе ве интересира: