Опожарена фабриката „Ником“ во Кавадарци, интервенирале пожарникари од Велес

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев преку својот Фејсбук профил, информираше за пожарот во фабриката Ником. Пожарот бил локализиран околу 01:30 часот. На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кавадарци со екипи од Комуналец, Шумско стопанство Бор и екипи од Велес и Неготино.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Засега нема информации и детали за причините за пожарот и последиците од него. Настанот го потврди и СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„На 22.08.2024 во 22.33 часот во СВР Велес било пријавено дека настанал пожар во фабрика
во индустрикста зона на ул.„Западен булевар“ во Кавдарци. Екипи на Територијалните
противпожарни единици од Кавадарци и Велес преземаат мерки за гаснење на пожарот“, стои во соопштението на СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира: