Опозицијата бара негативен ПЦР-тест за влез во земјава

Во услови, кога сите стравуваат од нови проблеми и распламтување на вирусот, и се преземаат заштитни механизми за влез во одредени држави, во Македонија власта се однесува неодговорно. На сите аеродроми во светот има заштитни механизми, пред се се бараат негативни ПЦР тестови, пред да влезете во државата на слетување.

Zito akcija 640x289px

За разлика од секаде во светот владата одлучи во Македонија службите на аеродромите и во државата да не бараат негативен тест при влез во државата, изјави на прес-конференција, Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ.

Agria

Зафировски прашува зошто и Македонија не воведе мерки за влез и тестови за тестирање на сите кои влегуваат на македонска територија, без разлика дали е тоа по некој од патните коридори или на аеродромите.

„Се што е потребно во ова време е само строга контрола кој влегува и кој излегува, доколку се пропушти овој период, подоцна ќе биде многу потешко, особено ако се дозволи на есен да избие уште еден нов бран кој може да биде со многу потешка клиничка слика“, вели Зафировски.

Комисијата за заразни болести токму до крајот на неделава ќе ги анализира сите новитети поврзани со Делта-варијантата и ќе одлучи дали ќе препорача на граничните премини да се воведе дополнителна мерка. Тоа би важело и за сите граѓани од земјава коишто отпатувале во странство.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22108/dve-tepachki-za-dva-chasa-na-isto-mesto-sinoka-vo-veles/