Вечерва на целата територија на Општина Кавадарци беше реализирана акција за делење едукативни флаери за заштита од Ковид 19. Во акцијата учествуваа 5 групи кои беа составени од Градоначалникот Митко Јанчев, сите членови на Општинскиот кризен штаб, инспектори и вработени во јавните институции. Беа поделени над 1500 едукативни флаери. Ова е само една од превентивните мерки кои денес беа донесени на Општинскиот кризен штаб на Општина Кавадарци.
Инаку во Кавадарци во последниве два дена, бројот на нови инфицирани е половина од вкупниот број заболени во изминативе четири месеци.
Поврзана вест: