На фреквентните јавни површини околу плоштад „С’рмаале” и пристапите до банките во централното градско подрачје денес се изврши чистење и рачно дезинфицирање, додека пак машинската дезинфекција продолжува по однапред утврден план за дезинфекција. Исто така дезинфицирани се и парковските површини и детските игралишта.
“И покрај топлите денови и привлечноста на пролетта, Општина Велес останува со препорака до граѓаните, да останат дома со што заеднички ќе покажеме висока свест и позитивен пример пред сите наши сограѓани”, велат од општина Велес.