Општина Велес повторно е помеѓу најтранспарентните институции во државата. Според резулатите на Индексот на активна транспарентност што го објавува „Центарот за граѓански комуникации“, од вкупно 97 институции на државно и на локално ниво, Општина Велес е во првите седум заедно со Општина Кочани, во рангот на институциите со многу добра транспарентност.
„Се надевам дека ќе продолжиме да се одржуваме во овој највисок ранг на отворени и транспарентни институции во државата и дека ќе успееме и во иднина да бидеме пример за транспарентност и отчетност“, рече Коцевски.
Општина Велес е една од ретките општини која ги објавува изводите од буџетската сметка, висината на платата на Градоначалникот, преседателот и членовите на советот.
„Секогаш имаме простор за уште подобри резултати и се надевам дека ќе продолжиме да работиме транспарентно и отчетно во интерес на сите граѓани“, додаде Коцевски.
Можеби ќе ве интересира: