Со вчерашната ждребка и официјално започна новата сезона на Општинската фудбалска лига Велес. Првото коло е закажано за 27 и 28 септември, а оваа година во лигата ќе се натпреваруваат седум екипи. Екипата на Бузалково се повлече од натпреварувањето, а минатогодишниот шампион Тополка ќе се натпреварува во повисок ранг, односно во Третат фудбалска лига – Југ.
Првото коло ќе донесе три возбудливи натпревари:
Младост – Локомотива
Согле – Раштани
Врановци – Форц Нова
Екипата на Горски е слободна во ова коло, поради непарниот број на учесници.
Новата сезона ветува интересни дуели и борба за првото место, кое оваа година ќе добие нов шампион. Натпреварите ќе се играат на локалните игралишта во општина Велес, со поддршка од љубителите на аматерскиот фудбал.