Орбан: Срамен е односот на ЕУ кон Македонија, процесот оди многу бавно

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, истакна дека посетата на македонската владина делегација на Унгарија се случува во важен момент кога три години живееме во сенката на војната.

Zito akcija 640x289px

Орбан посочи дека го информирал Мицкоски дека Унгарија диктатот од ЕУ нема никогаш да го прифати и затоа мора да плаќаат казни.

Agria

Можете да сметате на нашата поддршка во процесот на зачленување на Македонија во ЕУ, не само затоа што е срамно што овој процес споро оди напред, а за тоа не е одговорна Македонија туку ние членките на ЕУ. Покрај тоа ние нивното членство го поддржуваме, ЕУ мора да биде поконкурентна во светот и не гледам друго решение за подобрување на конкурентноста освен продолжување на процесот на проширувањето. Секое проширување досега и донесе добро на Европската Унија – истакна Орбан.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: