Осмоодделенец, државен првак по математика нема да добие награда од МОН

Damjan Davkov Stip

Осмоодделенецот Дамјан Давков и покрај тоа што е државен првак по математика нема да добие државна награда. Неговото барање за парична награда за него и менторот е одбиено од МОН. Тој лани беше најдобар на Државното првенство по математика во конкуренција со ученици од  прва година средно образование. Тој е и вицешампион од Балканската математичка олимпијада од 2019-та. Дамјан и родителите не сакаат да зборуваат пред камера, но во телефонски разговор, мајката Никица Давкова вели дека станува збор за апсурдна ситуација во која МОН ја префрла топката на други институции.

Zito akcija 640x289px

„Не станува збор за тоа дали ќе ја добие наградата. Но, доколку Законот погрешно е толкуван, не е во ред. Доколку Законот вели така (иако мислам дека не), тогаш воопшто нема смисла, па нека си го сменат. Денес сме ние, утре истото ќе биде за друг ученик. Толку е“, напиша таа.

Agria

Дамјан или како што го нарекуваат штипскиот Питагора уште од четврто одделение се натпреварува со постари ученици. Во шесто беше државен првак по математика за девето одделение и тогаш немаше проблем да му се додели еднократна парична награда. Сега според МОН,  Законот вели не.

„МОН презема обврска за повторно да го преиспита целиот случај околу постапката за доделување на парична награда за ученикот и наставникот ментор, но и постапката и начинот на кој е организиран самиот натпревар од страна на здружението на наставници кое ја има акредитацијата за организирање на натпреварите по математика“, велат од МОН.

Ова соопштение отвара дилема што со талентираните ученици и како тие ќе можат да го покажат својот талент со вакви државни ограничувања. Сепак по лавината реакции на социјалните мрежи  Дамјан ќе биде поддржан со еднократна парична награда од 15 илјади денари од општина Штип и признание за почесен граѓанин на општината.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: