Остра осуда од ССНМ и ЗНМ за денешните закани, заплашувања и обиди за замолчување на новинарите Стојанчов и Колевска Делевска

ZNM i SSNM logo

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници остро ги осудува денешните закани, заплашувања и обиди за замолчување насочени кон новинарката на „Сакам да кажам“, Соња Колевска-Делевска, и кон новинарот на телевизијата „Телма“, Срѓан Стојанчов.

Zito akcija 640x289px

Новинарот Стојанчов, по објавувањето текст за кандидатурата на Афрона Верзиволи за избор во Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелните услуги, во приватна порака добил сериозни закани и заплашувања проследени со пцости од профилот на извесен Фаик Демири, кој се совпаѓа со името на братот на Адријан Демири, сопруг на Верзиволи, и прв човек на разгранокот на Алијансата за Албанците во Липково. Ваквите закани, особено кога доаѓаат од лица блиски на политички или партиски функционери, се недозволиви и претставуваат сериозен обид за замолчување на новинарите, предизвикуваат несигурност и се сериозен потенцијал за автоцензура.

Agria

Во вториот случај новинарката Колевска-Делевска, додека ги извршувала секојдневните работни задачи во Собранието, односно му поставувала прашања на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, директно била попречена од пратеникот Драган Ковачки со обвинување дека снима. Иако телефонот на Колевска-Делевска не бил вклучен на снимање (што и не би било чудно за работата на новинар кога поставува прашања), Ковачки продолжил да ја попречува работата и да го извлекува Христовски од разговорот повторувајќи ги обвинувањата.

ССНМ смета дека крајно непрофесионално и недозволиво е избрани лица, кои ги претставуваат граѓаните во Собранието, да се однесуваат на ваков начин со новинарите и тие треба да бидат свесни за потребата од транспарентност и отвореност кон медиумите, а со тоа и кон граѓаните.

Потенцираме дека ваквите навреди и обиди за замолчување новинари се недопустливи во едно демократско општество и се сериозен удар за слободата на медиумите.

ССНМ за овие инциденти ќе ги извести Меѓународната федерација на новинарите и Европската федерација на новинарите, чиј член е.

„Ги повикуваме сите политички претставници да покажат соодветно ниво на почит и конструктивен однос кон медиумите и нивните претставници, да одговараат редовно на нивните прашања, и да се воздржат од какви било форми на притисок и клевети. Потсетуваме дека слободата на медиумите и правото на новинарите да поставуваат прашања се основни принципи на демократското општество. Секој обид за попречување, заплашување или дискредитација на новинарите претставува директен напад врз слободата на изразување и транспарентноста на институциите“, соопшти ЗНМ.

Од ЗНМ нагласуваат дека ќе продолжат будно да ја следат состојбата со правата на медиумските работници и да се залагаат за заштита на професионалните новинарски стандарди.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: