Осум медали за ККК Арка Борец – Велес од Бајина Башта, Софија Спасиќ најмлад натпреварувач

ARKA BAJINA BASTA 1
ARKA BAJINA BASTA 1

Викендов во Бајина Башта, Република Србија, се одржа четвртиот Дрински маратон на кој учествуваа 10 кајакари од Кајак Кану Клуб Арка-Борец од Велес, кои се натпреваруваа во 7 категории.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Во конкуренција на повеќе од 130 натпреварувачи од 16 клуба и 3 држави, велешките кајакари освоија осум одличја. Во категорија К1 мажи до 12 години Димитар Драскачев го освои првото место, Лука Велковски второто место, додека Петар Делов го освои третото место.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Прво место во своите категории освоија и Кристијан Лазаров, Благој Гугинов и Љубомир Спасиќ, додека во категоријата рекреативци Енис Небиовски го освои второто место.

За одбележување е настапот на Софија Спасиќ, која со своите 4 години и 5 месеци стана најмладиот учесник на Дринскиот маратон и настапи во категоријата до 6 години на патеката со должина од 2.5км и го освои првото место.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: