Осум нови случаи на заразени од коронавирус се регистрирани во Велес, потврди Министерството за здравство. Дел од резултатите стигнале синоќа, а дел денеска. Батали.нет дознава дека најмалку седум од новозаразените се поврзани со средношколецот, кој минатата недела беше позитивен на тестот. Со тоа бројот на заразени во Велес достигна 18.
Во последните 24 часа во Македонија вкупно се регистрирани нови 46 случаи на заразени со коронавирус. Освен осумтемина во Велес, во Куманово се регистрирани нови 13 случаи, во Скопје се регистрирани 12, Прилеп има, исто како и Велес, осум новозаразени, во Струга се регистрирани два нови случаи и по еден има во Тетово, Кочани и Пробиштип.
Со новите заразени, вкупната бројка на пациенти позитивни на Ковид-19 сега изнесува 663 лица.
Во изминатото деноноќие направени се 341 тест. Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.