Познато името на македонскиот државјанин кој загина во несреќата во Нови Сад

Српските медиуми објавија список со имињата на идентификуваните жртви во вчерашната трагична несреќа на железничката станица во Нови Сад.

Zito akcija 640x289px

Васко Саздовски е македонскиот државјанин што загина денеска во несреќата кога натстрешница од железничката станица во градот се урна и поклопи дел од лицата што беа под неа.

Agria

Во соопштението на српското обвинителство во кое се наведени иницијалите на загинатите, се наоѓаат и иницијалите С.В..

Досега се идентификувани седум од четиринаесетте жртви во несреќата. Ова е списокот кој го објавија српските медиуми:

Васко Саздовски од Македонија – непозната возраст
Анѓела Руман (20) од Стара Пазова
Сања Арбутина Ќириќ (35) од Каќ
Стефан Хрка (27) од Белград
Милош Милосављевиќ (21) од Книќанин (Зрењанин)
Ѓуро Швоња (77) од Степановиќе
Вукашин Раковиќ (69) од Буковац.

Идентификацијата на преостанатите жртви продолжува, а надлежните органи работат на истрагата за утврдување на причините за несреќата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: