Отворени сите гранични премини во Грција, ќе работат 24 часа

Granicen premin Grcija

Од синоќа соседна Грција ги отвори сите гранични премини за патници. По повеќе од една година граничниот премин „Дојрани“ од синоќа работи 24 часа како за влез така и за излез, велат од МВР.

Zito akcija 640x289px

Известувањето дека грците  ја креваат рампата на Дојрани го добиле синока околу 21 часот вели командирката  Стопар кој подвлече дека фрекфенцијата на овој граничен премин е вообичаена и нема големи задржувања.

Agria

И граничниот премин „Евзони“ ќе работи 24 часа. Преминот досега функционираше во периодот од 07 до 23 часот, вели Јасмина Аврамска командирка на ГП Богородица од каде велат дека  условите за влез во Грција остануваат непроменети. Секој мора да прилои еден од документите дека патникот примил некоја од вакцините или дека поседува негативен антиген, пцр тест како и дека го прележале коронавирусот.

Инаку, значително е зголемена фрекфенцијата на преминот Богородица кај Гевгелија каде што во последите 24 часа регистрирани се 10 илјади патници за влез и излез. Аврамска вели дека на овој граничен премин освен македонски поминуваат и патници од Србија, Романија и западно европсктие државио и се чека не повеќе од 10 минути за излез од Македонија.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21955/mlad-veleshanecz-utrovo-istepan-pred-kazino-vo-veles/