Ова се најдобрите земји во кои можете да се преселите веднаш

Размислувате да се преселите во нова земја? Според истражувањата, ова се најдобрите земји во кои што луѓето со задоволство се преселуваат. Да тргнеме по ред.

Zito akcija 640x289px

Канада

Бесплатниот здравствен систем е една од најголемите причини зошто Канада луѓето ја нарекуваат својот нов дом. Канада е неверојатно убава со своите шуми, планински венци и езера. Канаѓаните се познати по тоа што се дружељубиви и опуштени. Единствената негативна страна е што трошоците за живот се многу високи.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Швајцарија

Швајцарија е многу популарна, а тоа најмногу се должи поради пазарот на трудот. Понекогаш може да бидете платени двојно за истата работа споредено со другите европски земји. Швајцарскиот образовен систем е еден од најдобрите во светот и поради тоа многу дипломати ги испраќаат нивните деца да учат таму во приватни училишта.

Содржината продолжува под рекламата

Холандија

Преселувањето во Холандија е многу привлечно затоа што секој говори совршен англиски во оваа земја. Луѓето се познати по својата дружељубивост, така што лесно ќе создадете нови пријателства. Холандија се смета за една од најсреќните држави во светот, бидејќи тие работат помалку часови неделно, споредено со Америка, на пример. Земјата има ниска стапка на криминал и добра инфраструктура.

Австралија

Времето во Австралија е топло во текот на целата година и таму се наоѓаат најубавите плажи на планетата. Луѓето се дружељубиви, шармантни и сакаат добро да се забавуваат. Мелбурн и Сиднеј се раздвижени градови со многу забави во текот на ноќта. Австралија е огромен простор каде што е возможно да ја изградите вашата куќа од соништата на многу поевтина локација споредено со други земји.

Шведска

Шведска е социјална држава, што значи дека граѓаните добиваат бројни бенефиции. Поголемиот број на вработени добиваат 5 неделен платен одмор, 480 денови добиваат платено трудничко боледување, кое е одличен период за родителите да планираат повеќе деца. Шведските универзитети се комплетно бесплатни за сите европски граѓани. Негативната страна е што државата наплаќа данок во висина од 30% од личниот приход.

Австрија

Австрија е позната по својата богата историја. Постојат многу музеи, неверојатна архитектура, огромно културно богатство, во кое ќе уживате во секој момент. Интересно е што тие имаат голем број на луксузни имоти за продажба по ниски цени. Сепак, за да ви биде полесен престојот во оваа земја, бидете подготвени дека треба да го говорите нивниот мајчин јазик, германскиот.

Шпанија

Во оваа земја времето е топло во текот на целата година, со 320 сончеви денови. Луѓето обожуваат да седат надвор во ресторани, паркови со прекрасен растителен свет, да пливаат, да возат велосипеди. Дел од нивната култура се големиот број забави, фестивали, гозби, попладневни дремења и време за релаксација. Трошоците за живот се многу пониски во споредба со други земји.

10 of the best novels set in Germany – that will take you there | Literary  trips | The Guardian

Германија

Германија ја има најсилната економија во Европа и е одлично место да најдете работа или да започнете сопствен бизнис, ако го говорите германскиот јазик. Има прекрасни пејсажи, фантастични замоци, историски градби и прекрасен божиќен пазар секоја зима. Една од бенефициите е дека секој месец ви следува детски додаток за секое дете, почнувајќи од 204 евра и исто така имате платено трудничко боледување, за кое ви следуваат 1800 евра месечно за да преживеете, откако ќе добиете бебе и привремено ја напуштите работата.

Англија

Англичаните имаат бесплатно здравство, кое е достапно за сите, дури и за иселеници од други земји, кои престојуваат таму. Лондон е раздвижено место, со одличен ноќен живот и многубројни можности за вработување. Многу е лесно и прегледно да пешачите или користите јавен превоз и поради тоа, барем на почеток, не ви е потребен сопствен автомобил. Луѓето се многу учтиви, а образовниот систем е еден од најдобрите во светот.

Rondreis Portugal | De mooiste rondreizen in Portugal » ANWB

Португалија

Португалија е сончева 300 дена во годината и има умерена температура во текот на целата година. Moже да уживате на многубројните плажи долж Атланскиот океан. Официјален јазик е португалскиот, но многу луѓе зборуваат англиски. Повозрасните граѓани, бремените жени, деца и луѓето со хронични болести добиваат бесплатна лекарска грижа, но и другите ЕУ граѓани добиваат лекарска помош за многу ниска цена. Многу европејци се одлучуваат да се пензионираат во Португалија, поради ниските животни трошоци и прекрасното време.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: