Панчев: Во Собранието на ФФМ мора да има место за оние кои инвестираат во фудбалот

darko pancev
darko pancev

Фудбалерот на векот во Македонија, Дарко Панчев вклучувајќи се во дебатата околу последните барања на дел од македонските клубови за нивна партиципација во Собранието на ФФМ, согласно претходни статутарни измени, вели дека интерес на македонскиот фудбал и на сите кои работат во него е во највисоките органи на Фудбалската федерација на Македонија да бидат вклучени инвеститори, поранешни фудбалери и професионални фудбалски работници.

Zito akcija 640x289px

„Погледнувајќи ги актуелните состојби во македонскиот фудбал, во време кога се постигнати и успеси на најдобрата наша репрезентација, едноставно сакав да го повторам мојот претходно истакнат став кој посакувам да биде разбран единствено во функција на подобрување и дополнителен развој на фудбалската игра. Коментирајќи на темата покрената деновиве од клубовите кои со право бараат свое место во Собранието на ФФМ, јасно е дека со фудбалот во Македонија треба да управуваат пред се оние кои во него инвестираат, се разбира преку клубовите, потоа поранешните фудбалери, посебно оние со интернационално искуство, како и докажани професионални спортски работници вклучувајќи тука претставници и на тренерските и судиските организации. Тоа е структурата која би требало да ги сочинуваат највисоките органи во ФФМ.“, смета Панчев.

Agria

Тој повика на обединување на сите фудбалски чинители околу ова.

„Верувам дека околу ова се согласуваат и сите поранешни фудбалски функционери, но и актуелното раководство на ФФМ, затоа што токму таква е и праксата во сите развиени фудбалски земји. Затоа посакувам обединување околу оваа тема буквално од сите кои се вклучени и работат во фудбалот во Македонија во моментов“, се вели во реакцијата на Панчев испратена до редакцијата на Екипа.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: