30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Паоло Палминтиери во Велес: Италијанскиот амбасадор се сретна со членовите на „Интер клуб Македонија“

Италијанскиот амбасадор во Македонија, Паоло Палминтиери, денеска го посети Велес, на покана од Фан клубот „Интер Македонија“. Претседателот на клубот, Тоше Ѓошев, заедно со неколку членови Интер клуб Македонија, го пречекаа амбасадорот, кој е голем фан на клубот од Милано. Во рамки на посетата, Палминтиери имаше прилика да разгледа мини музејот на фан клубот, создаден со многу љубов и посветеност од самите приврзаници на клубот.

Zito akcija 640x289px

Разговорите се насочија кон актуелната ситуација на Интер, неговите историски успеси и амбициите за иднина, а посебно се разговараше за македонските фудбалери кои го носеле дресот на Интер – Горан Пандев и Дарко Панчев. Со насмевки на лицата, присутните се потсетија на маестралниот гол на Горан Пандев од слободен удар и тоа против големиот ривал Милан.

Agria

Амбасадорот, кој беше воодушевен од гостопримството, од претседателот Ѓошев доби членска карта на Интер клуб Македонија, како и неколку други подароци. Договорено беше и заедничко следење на некои од наредните натпревари на Интер во просториите на Фан клубот „Интер Македонија“ во Велес, со надеж за нови успеси на клубот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: