Папата Фрањо ја заврши својата служба на 88-годишна возраст

Папата Фрањо почина на Велигденски понеделник, 21 април 2025 година, на 88-годишна возраст во својата резиденција во Каза Санта Марта во Ватикан, соопшти Ватикан утрово.

Zito akcija 640x289px

Веста за смртта на поглаварот на Римокатоличката црква ја соопшти кардиналот Фарел.

Agria

„Драги браќа и сестри, со длабока тага морам да ја објавам смртта на нашиот Свет Отец Фрањо. Утрово во 7:35 часот по локално време, бискупот на Рим, Фрањо, се врати во домот на Отецот. Целиот свој живот го посвети на служба на Господ и на Неговата Црква“, изјави кардиналот Фарел.

Тој додаде дека папата Фрањо „нè научи да ги живееме вредностите на Евангелието со верност, храброст и универзална љубов, особено во корист на најсиромашните и најмаргинализираните“.

„Со огромна благодарност за неговиот пример како вистински ученик на Господ Исус, ја препорачуваме душата на папата Фрањо на бескрајната милосрдна љубов на Бога“, рече Фарел.

Кардиналот Хорхе Марио Бергољо беше избран да ја води Католичката црква во март 2013 година, откако папата Бенедикт XVI се повлече од функцијата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: