Парична помош од земјава за настраданите во Турција

Makedonsko Zname

Владата ќе додели 6 милиони денари (околу 100.000 евра) помош од Македонија за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција.

Zito akcija 640x289px

На денешната седница која беше вонредна Владата одлучи во санирањето на последиците од земјотресот во Турција да се испратат 40 припадници на републичките сили за заштита и спасување од Дирекцијата за заштита и спасување, со средства за пребарување и спасување од урнатини, шест возила за транспорт на опремата и луѓето и две противпожарни возила.

Agria

Исто така, ќе биде испратена помош од 10.000 ќебиња и 200 санитетски носила, како и тим за заштита и спасување од Министерството за одбрана. Во санирањето на последиците од земјотресот, се испраќаат вкупно 24 припадници на Армијата, од кои 22 лица од Баталјонот за специјални сили и две лица водачи на службени кучиња, со две кучиња, од Командата за обука и доктрини на Министерството за одбрана.

Владата задолжи и повеќе министерства за вклучување во мерките за помош на настраданите во Турција.

Над 3.000 жртви има досега во Турција и Сирија кои утрово беа погодени од земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтеровата скала, а 12 часа подоцна имаше уште еден речиси исто толку јак потрес.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/35875/pretsedatelot-pendarovski-najavuva-deka-makedonija-ne-ostanuva-na-zborovi-tuku-najavi-konkretna-pomosh-za-turczija/