Патиките на легендарниот кошаркар Мајкл Џордан се продадени за рекордни 2,2 милиони долари

patikite na Majkl Jordan
patikite na Majkl Jordan

Патиките кои легендарниот Мајкл Џордан ги носеше за време на неговото последно финале во НБА со Чикаго Булс во 1998 година се продадени за рекордни 2,2 милиони долари, објави аукциската куќа Сотби. Ова се „најскапите спортски патики продадени досега“, се вели во соопштението на Соби.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Џордан уште еднаш го потврди дека е „Крал на аукциите“, бидејќи го собори сопствениот рекорд за патики (1,4 милиони долари во 2021 година). Исто така, неговиот дрес беше продаден за рекордни 10,1 милиони долари во септември 2022 година.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Џордан, патиките кои беа продадени на акуцијата, ги носеше на вториот натпревар од финалето на НБА во 1998 година против Јута Џез.

Биковите го добија тој натпревар со 93:88, предводени од Џордан кој постигна 37 поени, додека финалната серија ја добија со 4:2.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: