Патот Прилеп–Крушево блокиран утрово поради протест

Rabota na pat

Во 08.50 часот започнат е јавен собир на регионалниот пат Прилеп-Крушево кај село Врбјани, Општина Кривогаштани, информираа од АМСМ.

„Граѓани протестираат поради изведување на градежни работи на патот со кои треба да се руши мост поради што во овој период ќе им се отежни работата на земјоделците. Од 09:10 часот сообраќајот е блокиран во двата правци“, соопштија од АМСМ.

Agria

Претходно, Левица Кривогаштани го поддржа денешниот протест против, како што велат, непромислената и коруптивна политика на градоначалникот на општина Кривогаштани Никола Мискоски, кој преку сомнително потпишани тендери изминатава година ја загрозил проодноста на патот помеѓу Прилеп и Крушево. А сега поради изградбата на двата мостови, овој патен правец би бил целосно блокиран.

„Жителите на општина Кривогаштани, Крушево и соседните општини се гневни на оваа одлука бидеќи секојдневно треба да поминуваат по алтернативен и импровизиран пат до Прилеп каде што се најголемиот дел на јавни институции, а воедно и на многумина им е и работното место.
Воедно прашуваме каде беа СДС и градоначалникот Никола овие 4 години за да ги изградат овие мостови или сепак сечењето лента е приоритет пред избори како и секогаш, додека ДПНЕ молчеше и додека беше во опозиција и сега додека е на власт?! Затоа бараме итно решение за одржување на проодноста на патот додека траат градежните работи!“, порачаа од огранокот на партијата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: