Павлинка Илоска ослободена од обвинението

Pale Pavlinka Ilioska

Основниот суд Велес ја ослободи од обвинение велешанката Пале Илоска која лани со нож го усмрти нејзиниот партнер со кој живееше во невенчана заедница. Таа одговараше за кривично дело „убиство во миг“. Судијката Габриела Гајдова, која ја донесе ваквата пресуда ѝ го укина куќниот притвор.

Zito akcija 640x289px

Судијката Гајдова рече дека Пале се бранела, а од под ноктите на покојниот полицаец се утврдило дека тој навистина ја давел. Била влечена за облеката, удирана по нозете и рацете, но и по главата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Во согласност со Кривичниот законик, нужна е одбраната, која е неопходна. Нападот и одбраната се неопходни елементи. Тој ја влечел, клоцал, ја стегнал околу вратот, неоспорно се утврди од записникот за увид, по самиот увид на настанот, кај обвинетата имало телесни повреди, изразени на главата, ногата и на вратот. Натаму, на овој доказ се надоврзува телесниот преглед на обвинетата“, рече судијката Габриела Гајдова, образложувајќи ја пресудата.

Содржината продолжува под рекламата

Случајот на Пале Иловска предизвика реакции во јавноста, кога се дозна дека таа неколкупати го пријавувала партнерот за малтретирање, но дека тој не бил гонет.

Илоска пред судијката која ја води постапката вчера кажа дека не се чувствува виновна бидејќи делото го направила во самоодбрана.

Повеќегодишната семејна голгота на Иловска со партнерот и полицаец Александар Ристовески во септември минатата година доби свој трагичен крај, кога Иловска нападната и претепана, се обидела да се одбрани од Ристовски, кој под дејство на алкохол започнал и да ја дави. Во еден момент, таа со нож во градите му зададе смртоносна рана на својот партнер.

Александар Ристовски беше вработен како полицаец во СВР Велес. Иако Пале неколкупати го пријавувала за насилство, во полицијата такви пријави не постојат. Ристовски два пати беше осуден на условна затворска казна, кога пре 14 години, возејќи со голема брзина, повреди шестмина пешаци на тротоар, а во 2016 година, во семејна расправија, ја фатил за врат сестрата близначка на Пале, заканувајќи и се дека ќе и го скрши вратот, ако не и ја препише на Пале својата половина од нивната куќа.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: