Пекари од Косово подготвени да носат леб по цена од 30 денари

Во дел од маркетите во Македонија и денеска нема бел и полубел леб, откако пекарите најавија дека нема да произведуваат, доколку Владата одлучи да ја замрзне цената на лебот од 450 грама на 33 денари. На рафтовите остануваат само старите залихи и специјални видови леб.

Zito akcija 640x289px

Порталот Lider.mk контактираше со неколку пекари во Урошевац, Косово, кои велат дека можат да достават леб во Скопје, дури и по цена од 30 денари.

Содржината продолжува под рекламата:

Agria

„Ние правиме леб со стандард од 500 грама. Ако го правиме како во Македонија од 450 грама, можеме да го доставиме и за 27 или 28 денари, плаќајќи ги и неопходните царини и даноци”, велат тие.

Во исто време, тие се изненадени од реакцијата на нивните колеги во Македонија, кои ги испразнија рафтовите на маркетите поради замрзнувањето на цената на 33 денари.

“Овој бунт нема економска логика, бидејќи цените на пченицата на светските пазари паѓаат, исто така паѓа и цената на маслото за јадење, како и на енергенсите. Сигурен сум дека нашите колеги ја злоупотребуваат својата позиција на пазарот. Не знам какви се законите кај вас, но ако се злоупотребува така во Косово, казните се многу строги”, велат пекарите од Урошевац.

Тие започнаа меѓусебни консултации, за да се организираат да “го исполнат вакумот на пазарот во Македонија”, ако бојкотот продолжи подолго време. Косовските пекари нагласуваат дека, независно од тоа, треба да има достапен леб во маркетите и дека ќе помогнат во оваа тешка ситуација, бидејќи лебот е основен производ и не треба да има шпекулации со него. Исто така додаваат дека мора да се направат измени на регулативите за да можат да го извезат лебот во Македонија, бидејќи сега, пониски цени на лебот можат да понудат само во блиски градови до границата, како Скопје, Тетово и Куманово.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36520/opshtina-veles-broi-divogradbi-kaj-babuna/