Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за појава на изолирана нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Велес, денеска се очекува сончево и многу топло време со слаб ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 20 степени наутро до 41 во текот на денот.
Поради најавата од Управата за хидрометеоролошки работи за повисоки максимални дневни температури од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелираат за засилено почитување на мерките за заштита на здравјето на општата популација, со посебен акцент на ранливите групи на население во услови на високи амбиентални температури.