Петмина руски дипломати прогласени за персона нон грата

Во просториите на Министерството за надворешни работи денеска беше повикан рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота со која петмина вработени во Амбасадата на Русија се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата, соопшти МНР.

Zito akcija 640x289px

Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена, се додава во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Минатата година МНР за персона нон гарта прогласи двајца руски дипломати, едниот во мај, а вториот во август, и ги протера од земјава. И во двата случаи Русија реагираше со реципрочни мерки, односно со протерување на македонски дипломати од Москва.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/28703/od-nokeska-na-polnok-novi-czeni-na-gorivata/