Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
“На 06.09.2021 во периодот од 20.00 до 24.00 часот (со ноќен радар) полициски службеници од СВР Велес на подрачјето на СВР Велес спроведоа засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани 21 возачи, од кои пет во Велес, два во Кавадарци и 14 во Неготино. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови” соопштија од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесеза посигурни патишта.
Mожеби ќе ве интересира: