Кеги Моби денес ќе го одигра последниот натпревар од вториот дел на Првата македонска футсал лига. Во салата „Гемиџии“ во Велес гостува актуелниот шампион на Македонија екипата на Шкупи.
Содржината продолжува под рекламата
Овој натпревар за велешани е од огромно значење пред почетокот на третиот дел доколку сакаат да ги остварат амбициите од пред почетокот на првенството , а тоа е освојување на третото место. Од клубот најавија дека ова е натпревар кој носи шест бода.
Содржината продолжува под рекламата
„Денес одиме по цел плен да освоиме три бода кои во суштина значат шест во борбата за тоа трето место. Имаме комплетен состав каде знаеме на што одиме и тоа е дел од нашата цел. КМФ Шкупи иако е ослабен, не е екипа за потценување, самата позиција на табелата го покажува тоа. Сепак ова е натпревар кој носи шест бода, односно во трка за третото место ние да ја намалиме разликата, додека за гостите зголемување на бодовната предност пред нас. Ги повикувам сите љубители на малиот фудбал, да дојдат во слата „Гемиџии“ и да ни дадат голема подршка“, изјави Влатко Петровски од КМФ Кеги Моби.
Натпреварот започнува во 18 часот во салата „Гемиџии“ во Велес. За оние кои нема да можат да присуствуваат на натпреварот, можат да го проследат во живо на нашата фејсбук страна на Батали.нет, или на јутуб каналот на Батали нет.
Можеби ќе ве интересира: