Пионерите на Борец 1919 како првопласирани на табелата ги завршија натпреварите во својата конкуренција во Третата лига Б.
Младите велешки фудбалери, предводени од Панче Нанев во 11 одиграни кола забележаа седум победи, два нерешени резултати и два пораза. Есенската титула ја запечатија викендов со ремито на гостувањето во Струга 1:1.
Велешани го имаа најдобриот напад, младите момци „решетаа“ оваа есен и погодија 31 пат, или во просек скоро три пати на одигран меч. Најдобар стрелец во полусезоната е Стефан Шопов со девет постигнати погодоци, а веднаш зад него е Константин Неделчев со седум постигнати гола.