Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и се обрати на јавноста за сообраќајната несреќа предизвикана од министерот за одбрана Марио Баножиќ. Во несреќата загина 40-годишен возач на комбе, а Баножиќ е тешко повреден. Пленковиќ најпрвин изрази сочувство за загинатиот возач на комбето, Горан Шариќ.
Содржината продолжува под рекламата
„Ги слушнавте околностите на несреќата и изразуваме жалење и загриженост за состојбата на министерот кој беше хоспитализиран со тешки физички повреди“, додаде тој.
Содржината продолжува под рекламата
„Го разрешив Баножиќ“, рече тој и додаде дека го овластил државниот секретар да ги извршува должностите на министерот за одбрана.
„Тој го управувал своето лично возило. Возел за приватни цели. Подобро е заштитените лица да ги возат професионалци. Ова беше ситуација кога викендов возел сам и дошло до тешка сообраќајна несреќа. Жал ни е и за господинот Шариќ кој почина, но ни е жал и за господинот Баножиќ. Ќе најдеме начин да му помогнеме на семејството на г-дин Шариќ“, додаде.
Министерот Баножиќ одел на лов кога се случила несреќата. Во несреќата загина 40-годишен маж – татко на две деца. Окружното државно правобранителство објави дека Баножиќ го престигнал камионот во магла и директно се судрил со комбето кое доаѓало од другата насока.
Несреќата се случила во 6 часот и 15 минути на излезот од Винковци во правец кон Жупања. Баножиќ бил примен во болницата во Винковац во 8 часот и 30 минути, а потоа бил префрлен во КБЦ Осиек. Од болницата во Осиек било пријавено дека Баножиќ е на интензивна нега, дека има повреди на мозокот, градниот кош и екстремитетите и дека неговиот живот не е во опасност. Не се сеќава на несреќата, вели докторот.
Можеби ќе ве интересира: