Велес повторно ќе биде центар на борењето! На 5 октомври (сабота), во спортската сала „Гемиџии“ со почеток од 11 часот, ќе се одржи 23-то издание на меѓународниот турнир во борење слободен стил за кадети и младинци – „Коцев Љубомир – Листон“.
Домаќин на турнирот е Боречкиот клуб „Борец“ од Велес, кој и оваа година очекува силна конкуренција и борби на високо ниво. На турнирот ќе учествуваат повеќе од 100 борачи од над 15 клубови од Македонија, како и гости од соседните земји, што го прави настанот еден од најзначајните во боречкиот календар кај младите категории.
Организаторите упатуваат отворена покана до сите љубители на борењето и спортот воопшто да присуствуваат и да дадат поддршка на младите спортски надежи.