По 3.5 години затвор за Гури и Алими

Паднаа првите пресуди против фунционери од ДУИ, за уништување на изборен материјал.Кривичниот суд изрече три години и шест месеци затвор за Алими и Гури во предмето “ТИТАНИК3”

Zito akcija 640x289px

Судот ги прогласи за виновни дека уништувале изборни материјали на локалните избори во 2013, Чаир. Двајцата ги преправале точните резултати на ДУИ, па така конечните резултати се качувале, а на ДПА и на ВМРО ДПМНЕ се намалувале.

Agria

Судењето траеше близу две години, за сведоци беа повикани вкупно 30 луѓе, а судскиот процес беше враќан и на почеток. Најпрво се смени судијката Ристова Оља, а пресудата ја донесе Марија Клетничка. Обвинението најпрво беше застапувано од СЈО, од обвинителите Бубевски и Фетаи, а по згаснувањето на СЈО, предметот продолжи во рамките на републичкото обвинителство.