Градоначалникот на Велес Аце Коцевски ја прифати иницијативата на децата, кои вчера преку социјалните мрежи побараа кошови и стативи за нивното игралиште.
Тој соопшти дека веќе издал налог да се направат скали, ограда и спортски реквизити на плочата, на која играат децата од последните згради на излезот на Велес, кон населба Превалец.
„Прифатена е детската спортска иницијатива. По вчерашната објава на Стевче Дечев, за иницијативата на фудбалската екипа Спортски Велес, предводена од младите спортски надежи Петар, Марко, Давид и други, објавувам дека по увидот на лице место, со задоволство ја прифатив иницијативата и дадов налог за изведба на пристапни скали, заштитна ограда, мали голчиња и кош на бетонската површина до Новите згради во Населба Тунел. Петар, Марко, Давид, Стевче, Ви благодарам. Создаваме подобри услови за спортување, за правилен раст и развој на телата на децата и за добро здравје!“, напиша Коцевски на својата фејсбук страница.
Освен ова, фудбалската школа „Борец Јуниор“ вечерва на децата од овие згради ќе им подари и фудбалски топки.
Неколку деца од Новите згради во населба Тунел вчера преку видео објавено на фејсбук, замолија да им се наместат спортски реквизити на игралиштето, а ЈКП Дервен да им го исчисти од гранки. Ветија дека понатаму, тие сами ќе ја одржуваат хигиената на игралиштето.
Поврзани вести: